ПУКНА БРУКА! Австралискиот премиер објави СМС пораки од Макрон

Сè започна два дена пред објавувањето на воспоставувањето на воено-безбедносниот пакт Аукус и поништувањето на договорот за француска испорака на подморници во Австралија.

1,224

Австралискиот премиер Скот Морисон објави СМС пораки кои му ги испратил францускиот претседател Емануел Макрон, а таквиот негов потег ги разбесни француските политичари и воедно ги продолжи дипломатските тензии меѓу двете земји, пишува британски „Гардијан“.

– Објавувањето пораки разменети од шефовите на држави е груба и многу неконвенционална тактика – изјавил советник на претседателот Макрон за француските медиуми.






Сè започна два дена пред објавувањето на воспоставувањето на воено-безбедносниот пакт Аукус и поништувањето на договорот за француска испорака на подморници во Австралија. Макрон подоцна рече дека знаел дека Морисон го лаже и оти ќе се сврти кон САД и Велика Британија.

Морисон ги отфрли обвинувањата дека лажел и рече дека нема да дозволи таков однос кон Австралија. Француските медиуми го опишаа протекувањето во јавноста како „спектакуларно и исклучително ретко“.

Според Гардијан, очигледната намера била да се укаже дека Макрон однапред знаел оти договорот може да биде поништен.

Поврзани содржини