Пукање во Чикаго, најмалку четворица мртви и уште четворица ранети

236

Најмалку четири лица загинаа, а четворица други се повредени утринава во пукање во населбата Енглевуд, во Чикаго, соопшти полицијата, повикувајќи се на податоци од увидот на лице место. Во еден дом каде биле собрани неколку лица, до пукање дошло кога ескалирала расправија меѓу нив.

– Полициските службеници околу 5.40 часот добиле пријава за повеќе застрелани лица – изјави портпаролот на полицијата.






Еден човек, на непозната возраст, бил застрелан во задниот дел од главата и хоспитализиран во болница. Уште еден маж, на возраст од 25 годинi, исто така бил застрелан во задниот дел од главата и сместен во истата болница. Една жена е во критична состојба и е хоспитализирана во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Со прострелна рана во грбот во болницата „Сент Бернард“ дошол и 23-годишен маж, од каде во критична состојба бил префрлен во Медицинскиот центар на Универзитетот во Чикаго.

Претходно, портпаролката на полицијата, Сали Баун, изјави дека не може да ги потврди извештаите дека е убиено повеќе од едно лице.

– Истрагата е во тек, така што ова е се што имаме во моментот – напиша таа во електронска порака.

Поврзани содржини