Публиката не го дочека крајот на дуелот Ѓоковиќ – Фриц поради ковид-карантин 

1,392

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, триумфирајќи денеска над Американецот Тејлор Фриц со 7-6 (1), 6-4, 3-6, 4-6, 6-2, во драматичен меч што траеше три часа и 15 минути и почна во присуство на гледачи, а заврши пред празни трибини.

Причина за предвременото заминување на публиката беше барањето на организаторите, кои за време на четвртиот сет, околу 22,30 часот по локално време, ги повикаа сите гледачи да ги напуштат трибините на Род Лејвер арената.






Апелот им беше упатен со цел да можат да стигнат во своите домови до полноќ, кога во сојузната држава Викторија стапи на сила петдневен карантин поради 13 позитивни случаи на Ковид – 19 на подрачјето на Мелбурн.

Поврзани содржини