ПСЖ потврди: Тројца играчи прележале коронавирус

251

Пари Сен Жермен на својата клупска веб-страница потврди дека тројца играчи и еден тренер на екипата биле заразени со коронавирус за време на карантинот. Сепак, тие не дадоа конкретни имиња.

– Вчера беа извршени ПЦР и серолошки тестови пред продолжување на тренинзите на првиот тим. Резултатите на тројца играчи и еден тренер на Пари Сен Жермен покажаа минато заболување од ковид-19. Инфицираните имале симптоми за време на самоизолација и не биле во контакт едни со други. Тие веќе не се заразни и можат да ја продолжат својата програма за тренизни – се вели во соопштението на ПСЖ.

Поврзани содржини