Прво примил вакцина, а денеска и решение за суспендирање од болницата

Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација.

2,709

Директорот на Општата болница Охрид денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал преку ред во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на ковид имунизација.






„Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравствени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, се наведува во соопштението на Здравство.

 

Поврзани содржини