ПРВО МИР ВО УКРАИНА, ПА ПОСРЕДУВАЈТЕ НА ИСТОК Француски шамар за Кремљ

До Кремљ, кој би сакал да склучи мир на Блискиот Исток: почнете со Украина, советуваше францускиот министер за надворешни работи на социјалната мрежа Икс.

378

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ја осуди, како што ја нарече, „неконтролираната жестокост и цинизам“ на Русија и ја повика Москва да склучи мир во Украина пред да понуди помош како посредник за мир на Блискиот Исток.

„Смртоносен напад во Украина од страна на режимот на Владимир Путин, чија суровост и цинизам не познаваат граници“, напиша Баро на Икс откако најмалку 14 лица, вклучувајќи еден Американец, беа убиени во Киев синоќа во еден од најтешките напади на Русија во украинскиот главен град.






„До Кремљ, кој би сакал да склучи мир на Блискиот Исток: почнете со Украина“, советуваше францускиот министер за надворешни работи.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги осуди израелските напади врз Иран, близок сојузник на Москва, нарекувајќи ги „опасна ескалација“ со потенцијално „катастрофални последици“ за Блискиот Исток.

Потоа, во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рускиот претседател изрази „подготвеност да игра улога на посредник за да се избегне натамошна ескалација на тензиите“.

Поврзани содржини