ПРВО ДА ГО ВИДИМЕ ПЛАНОТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА, ПА УСТАВНИ ИЗМЕНИ Касами очекува ЕУ и САД да го направат првиот чекор
Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ, истакна Билал Касами од Беса.
Лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, убеден е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени за внесување на Бугарите тогаш кога меѓународните партнери, пред сѐ ЕУ и САД, ќе дадат јасен план за евроинтеграциите, што сега за сега тој не го гледа.
Во синоќешното гостување на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“, Касами рече дека нема јасен план од страна на ЕУ кој се однесува на интеграцијата на земјите од регионот и Македонија.
– Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција – рече Касами.