Кинескиот град Шенжен забранил јадење на кучиња и мачки како дел од сузбивањето на трговијата со диви животни од појавата на новиот коронавирус.
Научниците сметаат дека коронавирусот се пренел на луѓе од животните. Некои од првите инфекции се пронајдени кај луѓе кои биле изложени на пазарот со диви животни во централниот град Вухан, каде се продавале лилјаци, змии и други животни.
Болеста заразила повеќе од 935.000 луѓе ширум светот и усмртила околу 47.000.
Властите во јужниот кинески технолошки центар целат дека забраната за јадење на мачки и кучиња ќе стапи на сила на 1 мај.
– Мачките и кучињата како домашни миленици, воспоставиле многу поблизок однос со луѓето отколку со сите други животни, а забраната за консумирање на мачки и кучиња и други домашни миленици е вообичаена пракса во развиените земји и Хонг Конг и Тајван. Оваа забрана исто така реагира и на барањето и духот на човековата цивилизација – рекла градската власт, во налогот објавен во средата.
Кинеското највисоко законодавно тело соопштило кон крајот на февруари дека ќе воведе мерки за забрана на трговија и консумирање на диви животни.