ПРВА МЕРКА ПРОТИВ ЕПИДЕМИЈАТА НА БУЛИНГОТ На овие мејл-адреси можете да пријавите врсничко насилство
Мејл-адресите се активни и по секоја пријава ќе се постапува веднаш, соопшти Министерството за образование и наука.
Министерството за образование и наука отвори две мејл-адрес, на кои младите, родителите и воопшто граѓаните ќе можат да пријавуваат врсничко насилство. Ова се тие две адреси:
[email protected] на албански јазик.
Адресите се активни и по секоја пријава веднаш ќе се постапува.
Министерството за образование и наука информира дека почнаа консултации за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на врсничко насилство, промена на пристапот за работа со деца со асоцијално однесување, за работа со нивните семејства и слично.
-На моја иницијатива денеска имавме дискусија со повеќе академски професори и експерти од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, безбедносните науки, со цел да дискутираме што е тоа што можеме да го интегрираме во нашиот образовен систем, за да превенираме несакани настани како во соседна Србија. Ова е сериозен предизвик за сите нас, имавме плодна дискусија и сите сме согласни дека промени мора да се случуваат, затоа што новото време ја менува динамиката на живот, се менуваат трендовите, се менува однесувањето на младите. Овие предизвици бараат и соодветен одговор – изјави по средбата министерот за образование Јетон Шаќири.