ПРВ УКИНАТ ПРИТВОР ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Неофицијално, предлогот за укинување на притворот е на обвинителството, бидејќи за кривичното дело помагање, законот не дозволувал проодлжување на мерката повеќе од три месеци.

322

Укинат е притворот на Стефан Димовски, кој е осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо бидејќи го возел од Белград до Турција.

Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.






По предлог на надкежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола, информираат од Кривичниот суд.

Од Обвинителство, информираат дека максималното законски возможно траење на притворот за кривичното дело за кое се сомничи Димовски е три месеци.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Димовски, се сомнични дека го возел од Србија до Турција првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција.

За двојното убиство, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со другите осомничени за движењето на неговата ќерка.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

СИ ПОСТИРАЛ СЛИКА ОД ПАТОТ, УШТЕ ДА ГО „ТАГНЕЛ“ ПАЛЧО ДЕКА ПИЕ КАФЕ СО НЕГО Стефан Димковски го возел осомничениот Палевски кон Турција

Поврзани содржини