ПРОТОКОЛИТЕ ГИ ИЗБРКАА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СКАФАНДЕРИ Ќе се вратат ако има гласање

Докторите предупредуваат дека повеќе од шест часа никој не смее да седи во скафандер бидејќи може да дојде до колабирање.

550

Двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои позитивни на ковид-19 во скафандери денеска дојдоа во Собранието за да гласаат за недоверба на Владата го напуштија законодавниот дом.

Координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски и Ангелинка Петкова, според протоколот, треба да гласаат во посебна протосторија.






ТВ21 јавува дека Мицевски рекол оти ќе се врати во Собранието, но морал да излезе поради тоа што така налагале протоколите.

Мицески не прецизирал во колку часот ќе се врати.

Инаку, докторите предупредуваат дека повеќе од шест часа никој не смее да седи во скафандер бидејќи може да дојде до колабирање.

 

Поврзани содржини