Скопската Противпожарна служба попладнево направи показна вежба со новото противпожарно возило, кое неодамна го набави Град Скопје.
За тоа како новата противпожарна скала функционира при евентуален пожар во висококатница беше демонстрирано на зградата на Кјуби осигурување во центарот на Скопје.
Двајца пожарникари скокнаа од покривот, а со скалата зедоа лице од носилка, додека од повисоките катови на зградата со корпа зедоа повеќе луѓе.
Демонстрацијата на новата скала ќе биде утре (среда, 16 јуни) и според информациите, тој дело oд градот ќе биде затворен за сообраќај.
Инаку новата противпожарна скала беше предмет на полемика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ излезе со обвинувања дека Шилегов ја преплатил скалата, бидејќи слична таква Загреб набавил за многу помалку пари.