Памела Андерсон неоидамна откри дека се омажила по четврт пат, а венчавката се случила на Божиќ на имотот кој го купила од нејзините баба и дедо.
Таа сега љубовта ја пронајде во својот телохранител Ден Хејхурст.
На актерката и поранешната зајачица на „Плејбој“ ова ѝ е петти, односно шести брак, имајќи предвид дека со Рик Саломон се венчаваше два пати.
Како што признала таа во Ден се вљубила во текот на карантинот.
Се венчале на Божиќ и изјавиле дека „се заљубени до уши“.
„Таму сум каде што треба да бидам, во прегратките на мажот кој што ме сака“, изјавила Памела за „Дејли мејл“.
Памела изјавила дека венчавката била традиционална, но немале многу гости поради пандемијата на коронавирусот.
Таа била облечена во винтиџ венчаница, а романтичните фотографии го преплавија светот.
Двојката се венча во нејзината родна Канада, а поради условите што му ги наметна пандемијата на светот, на венчавката немало многу гости. Што се однесува до стајлингот, со прекрасна венчаница и превез на Валентино, невестата на нозе имаше нешто сосема друго од тоа што го гледаме на свадби. За разлика од елегантните потпетици, таа носеше гумени чизми. Таа со задоволство ја сподели таа фотографија со фановите.
Памела и нејзиниот избраник се венчаа на нејзиниот имот во близина на Ванкувер, каде што се пресели летото 2019 година по реновирањето. Патем, реновирањето ја чинело дури милион долари.
View this post on Instagram