ПРОСКАПУВА СПОРТСКАТА ОПРЕМА Најк веќе одлучи, ќе го следат и Адидас и Пума

Американскиот спортски бренд Најк најави дека од следната недела  ќе ги зголеми цените на некои од производите до 10 долари.

141

Светските брендови за спортска опрема најавуваат зголемување на цените поради зголемените трошоци од царините на САД.

Американскиот спортски бренд Најк најави дека од следната недела  ќе ги зголеми цените на некои од производите до 10 долари.






Роберт Кранковски, аналитичар кој ја следи ситуацијата во врска со спортската опрема, наведува дека ова бил моментот што го чекале Адидас и Пума.

– Ова не е специфично за Најк, но станува збор за раст на трошоците во целата индустрија, бидејќи царините ќе влијаат на сè – додаде тој.

По примерот на Најк, тој очекува и германските производители Адидас и Пума да ги зголемат цените на патиките и спортската облека во САД, бидејќи увозните царини ги зголемуваат малопродажните трошоци.

Двата германски бренда пртходно објавија дека нема да бидат првите што ќе ги зголемат цените, но ќе почекаат да видат што ќе направат нивните конкуренти.

Она што повеќе ги загрижува големите брендови за спортска облека е тоа што клучниот центар за производство на спортски обувки и облека во Виетнам е под  закана во јули да му биде вратена царината од 46%.

Во април, американскиот претседател Доналд Трамп воведе општи царини од 10% за целиот увоз во САД, додека повисоки царини од 30% важат за Кина.

 

Поврзани содржини