ПРОНАЈДЕНА ПОЧИНАТА ЖЕНА КАЈ ТРГОВСКИОТ ВО ТЕТОВО Преку снимки од видеонадзор ќе се утврдува што точно се случило
Јавен обвинител изврши увид на лице место. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот, информираа од Обвинителството.
Утрово околу 9 часот и 30 минути е најдено починато лице во непосредна близина на градскиот трговски центар во Тетово. Веднаш потоа полицијата го обезбеди местото и започна увид заедно со претставниците на Обвинителството.
– Јавен обвинител изврши увид на лице место. Издадена е наредба за обдукција на починатата, како и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на настанот – информираа од Обвинителството.