ПРОЕКТОТ ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА СИГУРНО НЕМА ДА СЕ РАБОТИ Дали ќе работиме нов, ќе видиме
Јас сѐ уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, а дали ќе работиме нов, ќе видиме, изјави министерот за транспорт, Александар Николовски.
Начелна согласност за продолжување на процесот на завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат, а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна, објави Телма.
– Почна дијалог вчера во Брисел. Следно, за две недели, на 31 октомври, повторно средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот, нормално, да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сѐ уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, а дали ќе работиме нов, ќе видиме“, изјави министерот за транспорт, Александар Николовски.
Во официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.