ПРОЕКТОТ „СФЕРА“ НА ЗЕГИН МЕЃУ ТОП 3 HR ПРОЕКТИ ВО РЕГИОНОТ Иновативна трансформација на работното место со персонализирани развојни патеки

„Сфера во нова ера – моја кариера“ е насочен кон трансформација на работното искуство, преку воведување иновативни HR практики, персонализирани развојни патеки и зајакнување на организациската култура. Проектот го освои 3. место во категорија на компании со над 1.000 вработени и во силна конкуренција на компании од целиот регион.

37

Проектот „СФЕРА – во нова ера – моја кариера“ е избран меѓу трите најдобри во категоријата Enterprise (1000+) на престижниот конкурс „Најдобри регионални HR практики 2026“, што се одржа во Ровињ – Хрватска.

Компанијата Зегин информира дека проектот го освои третото место во категорија на компании со над 1.000 вработени и во силна конкуренција на компании од целиот регион.

Финалистите имаа можност да ги претстават своите проекти на HR Days конференцијата која се одржа од 21 до 23 април.

„Оваа значајна награда претставува потврда за стратешкиот пристап на компанијата и за посветеноста кон развојот на човечкиот капитал, како и креирање на современи HR решенија, практики и создавање работна средина што го поттикнува кариерниот раст и ангажираноста на вработените“, велат од Зегин.

Компанијата вели дека „Сфера во нова ера – моја кариера“ е насочен кон трансформација на работното искуство, преку воведување иновативни HR практики, персонализирани развојни патеки и зајакнување на организациската култура.

„Со оваа иницијатива, Сфера активно придонесува кон поставување нови стандарди во управувањето со човечки ресурси во регионот“, порачуваат од Зегин.

Поврзани содржини