ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ Несреќа со повеќе возила во Скопје
Мотоциклист се здоби со тешки повреди по судир со автомобил и удирање во паркирани возила во Скопје
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата Ѓорче Петров во Скопје.
Несреќата се случила во попладневните часови, кога се судриле автомобил „рено клио“ управуван од 61-годишен возач од Сарај и мотоцикл зад чиј управувач бил 43-годишен скопјанец.
Од ударот, мотоциклот завршил во две паркирани возила, меѓу кои и „шкода“.
Мотоциклистот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а причините за судирот дополнително се утврдуваат.