ПРОЕКТ ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ СУВЕРЕНИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА Владата потпиша меморандум со Казанџи Холдинг

Испраќаме јасен сигнал дека имаме волја да го обезбедиме својот енергетски суверенитет. Оваа инвестиција ќе има долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата, изјави премиерот на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

2,979

Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.

– Испраќаме јасен сигнал дека имаме волја да го обезбедиме својот енергетски суверенитет. Оваа инвестиција ќе има долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата – изјави Мицкоски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.






Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Фото: Влада

– Ова не е само инфраструктурен проект. Ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата. Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата – вели премиерот додавајќи дека целта на владата не се краткорочни ад-хок мерки, туку Македонија да се изгради како независен енергетски субјект во регионот.

Претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемил, истакна дека потпишаниот меморандум е резултат на повеќегодишни подготовки и дека проектот ќе биде развиен со висок професионализам, со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.

Со реализацијата на проектот се очекува отворање на нови работни места, поддршка за индустријата и намалување на зависноста од увоз на енергенси.

 

Поврзани содржини