ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНА Арсовска уверува дека објектот ќе биде безбеден

Постојното решение треба да се зајакне со дополнителни два носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци, рече Арсовска.

318

Реконструкцијата на Универзалната сала не е стопирана и ќе продолжи соодветно со ново техничко решение кое ќе обезбеди поголема безбедност за објектот и за граѓаните, изјави денеска градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прес конференција пред Универзалната сала.

– Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните. Има грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови постојното решение потребно е да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба, но детектирани се и бројни други недостатоци – рече Арсовска.






Таа посочи дека во моментов се прави реконструкција на фасадата и кровен покривач, додека за следна фаза за внатрешното уредување на објектот воопшто не е изработена ни проектна документација.

Изведувачот се соочува со низа проблеми од обемен карактер, односно се појавуваат проблеми поради неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот, како и низа неочекувани состојби со градежно конструктивните елементи на истиот, односно воопшто непостоење на арматура во темелни ѕидови, испукана армирано-бетонска плоча на сцена, неочекувани постојни темели на места на кои се предвидени новите конструктивни елементи и слично. Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и да се изведуваат градежни активности по него, веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект не би имало – рече Арсовска.

Таа апелира до министерката за култура и до СДСМ во Советот на Град Скопје да престанат со, како што рече, изнесување информации кои единствено служат за манипулирање и извртување на фактичката состојба.

Поврзани содржини