СКОПЈЕ ЈА ЗАСИЛУВА ДЕЗИНСЕКЦИЈАТА ПРОТИВ КОМАРЦИ До крајот на сезоната ќе има повеќе од 20 акции
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона. Град Скопје најавува нова серија третмани во следните денови, односно 20 дезинсекции до крајот на летото. Покрај теренската дезинсекција, на 21 август е предвиден и авионски третман.
Повеќе од 20 дезинсекции против комарци ќе бидат извршени во Скопје до крајот на сезоната. Вечерва ќе се спроведе 13. третман, а нова серија теренски и авионски дезинсекции е најавена и за следните денови, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се изврши 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман. Активностите продолжуваат и во наредните денови.“
Нов теренски третман против возрасни комарци е предвиден за 20 август. Следното утро ќе се дејствува и од воздух.
„Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична дезинсекција против возрасни форми на комарци.“
Ѓоршиевски вели дека третманите се спроведуваат согласно Годишната програма и законските обврски. Активностите се темелат и на елаборатот на Центарот за јавно здравје, Скопје, одобрен од здравствените власти.
Досега биле спроведени третмани и против ларвите и против возрасните форми на комарци. Дезинсекцијата се изведувала теренски и авионски.
„До крајот на сезоната ќе се извршат повеќе од 20 дезинсекции против комарци. Овие податоци најдобро покажуваат дека активностите се спроведуваат континуирано, навремено и согласно однапред утврдена динамика“, вели градоначалникот.