Прободени со нож, натепани, ограбени, полни раце работа за полицијата

Момче нападнало малолетно девојче и нејзината мајка.

2,262

ПРОНАЈДЕН ХЕРОИН ВО ВОЗИЛО НА ТЕТОВЕЦ – На 01.09.2020 околу 16.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Х.(42), Н.М.(61), двајцата од Тетово и М.Р.(40) од тетовски Пирок затоа што при нивен и преглед на возилото „форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин. Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ГИ ФАЛСИФИКУВАЛ ТАБЛИЧКИТЕ – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.И.(31) од с.Никуштак, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.08.2020 во Радовиш, на место викано „Агромакедонија“, полициски службеници извршиле преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ и констатирале дека пријавениот не поседува документи за возилото и го управувал со импровизирани регистарски ознаки.






МАЛОЛЕТНИК УКРАЛ ЗЛАТЕН ЛАНЕЦ ОД ШТИПЈАНЕЦ – СВР Штип поднесе кривична пријава против 17 – годишен малолетник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.08.2020 на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип, пријавениот со употреба на сила од Г.Н. одзел златен ланец.

УАПСЕН КРАДЕЦ ОД АЛБАНИЈА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Поградец, Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 23.08.2020 кај плажа на АК Извиднички центар-Охрид, пријавениот одзел пари и три мобилни телефони.

ТЕЛЕФОНСКИТЕ ИЗМАМНИЦИ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА – На 01.09.2020 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат. Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало 2800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРИЈАВИЛ ДЕКА Е НАПАДНАТ, А ТОЈ ПРОДОБДЕЛ ДВАЈЦА – На 01.09.2020 во 23.37 часот во СВР Скопје, С.Т.(27) од Станица Зелениково-Скопје пријавил дека во Станица Зелениково бил физички нападнат од повеќе лица. Во исто време во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиника Драчево со повреди од остар предмет биле донесени С.Ќ.(28) и С.Ќ.(25), двајцата од с. Страхојадица, општина Зелениково. Како што пријавиле тие, повредите им ги нанел С.Т.(27). Се работи на расчистување на настанот.

ГО НАПАДНАЛЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО – На 01.09.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје, А.А.(24) од с. Горно Оризари, скопско, пријавил дека околу 07.30 часот, додека бил на работното место во фирма во нас. Автокоманда, дошле Н.Б. и К.М. од Велес и го нападнале со метален предмет.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ, ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ – На 01.09.2020 околу 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.С.(30) од Скопје пријавил дека на ул.„Антон Попов“ бил физички нападнат од З.К.. Според пријавеното, претходно З.К. му се заканил и со пиштол на М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЗАПАЛЕН МАГАЦИН ВО МОМИН ПОТОК – На 01.09.2020 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во магацин – барака на фирма во нас. Момин поток, сопственост на Р.Х.(50) од Скопје.  Во пожарот бараката била целосно опожарена, а била оштетена и соседната барака на друга фирма, сопственост на Т.К.(58) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

ПОЖАРНИКАРИ ГАСНЕЛЕ ЗАПАЛЕН КАМИОН ВО КАДИНО – На 02.09.2020 околу 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац од фирма во с.Кадино настанал пожар во товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирмата. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

НЕСОГЛАСУВАЊАТА ГИ РЕШАВАЛЕ СО ТУПАНИЦИ – На 01.09.2020 во 21.11 часот во СВР Скопје, И.Ш.(28) од с.Копаница, скопско, пријавил дека на 31.08.2020 околу 13.40 часот на паркинг позади угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“,  по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Г.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОМЧЕ НАПАДНАЛО МАЛОЛЕТНИЧКА И НЕЈЗИНАТА МАЈКА – На 01.09.2020 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, Д.И.(27) од Скопје физички нападнала малолетничка и нејзината мајка Д.Л.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРИЈАВИЛ НАПАД ОД НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ – На 01.09.2020 во 23.45 часот во СВР Скопје, Б.Л.(24) од Скопје пријавил дека околу 23.40 часот во угостителски објект на ул.„Палмиро Тољати“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДВЕ ЛИЦА СЕ СТЕПАЛЕ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА – На 01.09.2020 околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А.(70) и М.Г.(32), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА – Во август оваа година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во Тетово и Тетовско вкупно откриле и законски санкционирале 960 различни видови сообраќајни прекршоци. Во контролните активности, редовни и акциски, поради констатирани прекршоци, билo исклучено 101 возило. Најмногу од исклучените возила (89) имале истечена регистрација, кај девет била утврдена техничка неисправност, а кај три претовар. Минатиот месец на ова подрачје од сообраќај биле исклучени и 245 возачи, од кои 159 кои управувале без возачка дозвола, седум под дејство на алкохол, 31 возач-почетник, 10 со несоодветна категорија, четири со важечка забрана за управување и 41 кои некористеле заштитна кацига.

ОГРАБЕНИ ДВАЈЦА СОПРУЖНИЦИ ВО КАТЛАНОВО – На 01.09.2020 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќата во која престојувале Д.Ј.(78) и неговата сопруга во с.Катланово, две лица со закана од нив одзеле пари, накит и мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗЛЕГОЛ ОД КАЗИНО И ГО ПРОБОДЕЛЕ – На 02.09.2020 околу 03.30 часот во Полициската станица Прилеп, У.У.(26) пријавил дека, откако излегол од казино во Прилеп, бил нападнат со остар предмет од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОХРИЃАНЕЦ НАПАДНАТ СО НОЖ ВО БИТОЛА – На 01.09.2020 во СВР Битола било пријавено дека во Клиничка болница Битола со повреди бил донесен Ж.Ц.(51) од Охрид, со привремен престој во Битола. Според неговата изјава, на 30.08.2020 околу 22.00 часот во населба Карпош бил физички нападнат од повеќе лица, при што едно од нив го повредило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани содржини