ПРОБЛЕМОТ СО ИДЕНТИТЕТОТ НАСТАНА ОТКАКО ГО ПОТПИШАВМЕ ДОГОВОРОТ Андоновски вели дека Бугарија треба да се откаже од својата антимакедонска декларација
Ние со Бугарија имаме проблем со идентитетските прашања, а соработката во другите области постоела и пред договорот за добрососедство и соработка од 2017-та но без било какви барање на Бугарија кон македонскиот јазик и историја, рече Андоновски.
Секоја држава е еднаква во меѓународниот правен поредок ако е признаена од Обединетите Нации, изјави Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното дебатно гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24. Според него, проблемот со македонскиот идентитет настанал откако сме го потпишале Договорот за добрососедство и соработка во 2017 година.
– Проблемот кај нашите претставници е тоа што не ги знаеме ставовите на Македонија и што сакаме ние од овие преговори со Бугарија, ниту пак која е целта на нашата македонска страна. Ние со Бугарија имаме проблем со идентитетските прашања, а соработката во другите области постоела и пред договорот за добрососедство и соработка од 2017-та но без било какви барање на Бугарија кон македонскиот јазик и историја – рече Андоновски.
Андоновски изјави и дека сега е потребно е Бугарскиот парламент да се повлече од иредентистичката бугарска декларација која е против македонскиот јазик, народ и нам нѐ нарекува коминтерновска творба и второ бугарската држава да ги почитува пресудите на судот за човекови права од Стразбур и да дозволи регистрирање на политичка партија, здружение на граѓани или движење на македонците во Бугарија.
Андоновски потенцираше дека доколку ЕУ направеше посериозен политички притисок да овие прашања се разрешат и Македонија да почне преговори со ЕУ тогаш овој процент на антизападно расположение во Македонија би било помало, затоа што директно ќе ги согледавме придобивките од тоа.
– Доколку отпочневме преговори со ЕУ ние ќе ги согледавме придобивките. Напротив кај нас имаше доцнење на вакцините и слаб политички одговор на ЕУ во нашите евроинтеграции. Доколку отпочнеме преговори со ЕУ ние сега ќе имавме поголема помош во овој кризен период од земјите членки на ЕУ – кажа Андоновски.
Андоновски во однос на барањата на Бугарија кон Македонија потенцираше дека барањата не се европска вредност и се директно мешање во работата на една суверена држава и директно бараат промена на устав.
– Надвор ние не поставуваме наши барања, дали имаме ние некои црвени линии и гаранции кои треба да се исполнат. Суштинскиот проблем е дека имаме Влада која дома е лажен триумфалист, а надвор има подвиткан ‘рбет или воопшто нема ‘рбет – рече Андоновски.