ПРИЗНАВАЊЕТО НА МПЦ Е ПОРАДИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И БАЈДЕН Поглаварот во Цариград е Грк, ГПЦ лобирала

ГПЦ лобирала. Вие знаете дека низ целата историја на Вселенската патријаршија, поглавар е Грк. Втора работа е што Вселенската патријаршија е во блиски односи со американската администрација на американскиот претседател Џозеф Бајден, вели Матевски.

1,627

Професорот на Филозофскиот факултет, Зоран Матевски, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека целата ситуација со признавањето на канонското единство на Македонската православна црква со православниот свет е благодарение на Преспанскиот договор, пренесува Слободен Печат.

– Да не беше Преспанскиот договор, немаше да дојде до канонско признавање од Вселенската патријаршија и најавената заедничка литургија со СПЦ, затоа што Грчката православна црква е исклучително блиска со Цариград и тоа немаше никогаш да се постави. ГПЦ лобирала. Вие знаете дека низ целата историја на Вселенската патријаршија, поглавар е Грк. Втора работа е што Вселенската патријаршија е во блиски односи со американската администрација на американскиот претседател Џозеф Бајден. Целото ова зреење е поттикнато од таму. Во втората половина на 2021 година, вселенскиот патријарх Вартолемеј беше кај Бајден и сигурно разговарале и за МПЦ – рече професорот Матевски.

Поврзани содржини