ПРИЗНАНИЈА ЗА ИРЛ, КРИСТИНА АТОВСКА И ЗА АРБНОРА МЕХМЕТИ Доделени наградите „Никола Младенов“

Оценка на Комисијата е дека изминатата година новинарите посветено и темелно работеле и продуцирале квалитетни истражувања кои откриваат и анализираат теми и прашања од висок јавен интерес.

111

Истражувачката и репортерска лабораторија со сторијата „Нечиста крв“, новинарката Кристина Атовска со репортажата за војната во Украина и Арбнора Мемети со фотографијата „Врнежи од канцерогени материи во Тетово“ се добитници на годинашните награди „Никола Младенов“, што ја доделува Македонскиот институт за медиуми.

Оценка на Комисијата е дека изминатата година новинарите посветено и темелно работеле и продуцирале квалитетни истражувања кои откриваат и анализираат теми и прашања од висок јавен интерес, поттикнувајќи институционална разрешница во случаите каде се констатирани неправилности и злоупотреби.






Во категоријата најдобра истражувачка сторија беа пријавиле 16 новинари, за најиновативен новинарски производ 18 теми, а за најдобра репортерска фотографија беа пријавени 27 фотографии.

Комисијата за доделување на наградите ја сочинуваа Верица Јорданова, претседателка на управниот одбор на МИМ, Арта Тахири, уредничка во телевизија Алсат М, проф.д-р Марина Тунева, фоторепортерот Роберт Атанасовски и Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Поврзани содржини