ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА СВАДБАРИ ВО ЛАЖАНИ Пукале со пиштоли од колона автомобили
Од возилата, според полицијата, биле испукани повеќе куршуми од пишоли марка „Рити Игл“ и „Валтер“.
Двајца мажи од село Лажани, општина Долнени, се приведени поради пукање со огнено оружје во колона возила за семејна веселба. Инцидентот се случил на 2 јануари околу 9:30 часот, кога полицајци од Полициското одделение Ропотово ги запреле М.С. (36) и С.Б. (29), кои возеле „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и „мерцедес“ со германски ознаки.
Од возилата, според полицијата, биле испукани повеќе куршуми. При контрола, кај М.С. бил пронајден гасен пиштол „Рити Игл“ со 40 куршуми калибар 9мм, додека кај С.Б. бил одземен пиштол „Валтер“ со 12 куршуми, исто така калибар 9мм.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.