Принцот Вилијам се вакцинираше (ФОТО)
Досега од членовите на кралското семејство се вакцинираа принцот Чарлс и кралицата Елизабета.
Принцот Вилијам ја прими првата доза на вакцина за коронавирус. Тој беше вакциниран во центарот за вакцинација во Музејот на наука во Лондон.
„Во вторникот ја примив првата доза на вакцина против ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле и продолжете да го правите тоа“, напиша војводата од Кембриџ утрово на Твитер.
Тој не објави која вакцина ја примил. Досега од членовите на кралското семејство се вакцинираа принцот Чарлс и кралицата Елизабета.
Како што информираа медиумите, Вилијам го прележа коронавирусот.