ПРИНЦОТ ХАРИ НАПРАВИ ПОТЕГ КОЈ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ По скандалот и кавгите со кралското семејство, го направи ова!

Војводата од Сасекс наводно редовно се слуша со неговиот татко, принцот Чарлс и во добри односи се воочи платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

1,043

Принцот Хари во последните денови редовно се слуша со својот татко, а се чини дека одлучил да го промени пристапот кон кралското семејство.

Војводата од Сасекс наводно редовно се слуша со неговиот татко, принцот Чарлс и во добри односи се воочи платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, пишува „Дејли мејл“.






Принцот Хари (37), кој пред две години се пресели во Америка со сопругата Меган Маркл, најверојатно ќе биде присутен на големата прослава на кралицата ова лето. Тој сака да му прават друштво и неговата сопруга Меган и нивните две деца Арчи и Лилибет Дијана.

Прашањето за неговото враќање во Велика Британија беше повлечено откако неговите адвокати неодамна покренаа постапка против британската полиција, за која рекоа дека не сака да ги заштити Хари и неговото семејство додека тие биле во Британија.

Се претпоставуваше дека овој потег дополнително ќе ги искомплицира веќе затегнатите односи помеѓу пребегнатиот принц и неговото семејство, но изгледа дека Хари одлучил на сите да им пристапи на поинаков начин.

– Односите помеѓу Хари и Чарлс се подобруваат. Тие многу подобро се согласуваат и редовно се слушаат преку видео-повици. Хари веројатно жали поради сѐ што му ги уништи односите со семејството, а се обидува повторно да се приближи – изјавил извор близок до кралското семејство за „Сан“.

 

Поврзани содржини