Принцот Чарлс заразен со Ковид-19

769

Британскиот принц Чарлс е заразен со новиот коронавирус, соопшти Бакингемската палата. Чарлс е на возраст од 72 години. Тој е син на кралицата Елизабета Втора и татко на Вилијам и на Хари.

Според соопштението, принцот од Велс има благи симптоми и се чувствува добро, а последните неколку дена работи од дома, јави Скај њуз.






„Војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но не e заболена. Според препораките на владата и лекарите, принцот и војвотката се во изолација во Шкотска“, се вели во соопштението.

Принцот, вирусот го добил за време на еден од неговите многу контакти во последните неколку недели.

Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти палатата пред неколку дена за да избегне зараза со вирусот.

Поврзани содржини