ПРИЛОЖИЛА ЛАЖНА БАНКНОТА ОД 100 ЕВРА ВО ДУЌАН ВО ОХРИД Приведена е 21-годишна девојка од Крива Паланка

299

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(21) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 03.03.2024 во продажен објект во Охрид, пријавената за купените артикли приложила банкнота од 100 евра, за која од Народна банка, по извршена експертиза, било констатирано дека е фалсификат“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини