ПРИЛЕПЧАНКА ОСТАВИЛА САМИ ДОМА 3 МАЛИ ДЕЦА Дедото ги зел кај себе и пријавил во полиција

Според соопштението на полицијата, мајката живеела со вонбрачен партнер, татко на децата, кој исто така, синоќа не бил во домот.

580

Прилепчанец синоќа ги пронашол сами дома неговите 3 мали внуци, на возраст од 3, 2 и 1 година, а неговата ќерка му кажала дека не може да се грижи за нив. Тој ги зел децата во својот дом и пријавил во полиција.

Според соопштението на полицијата, мајката живеела со вонбрачен партнер, татко на децата, кој исто така, синоќа не бил во домот.






„На 19.6.2025 година во 1.40 часот во ОВР Прилеп, М.А.(50) од Прилеп пријавил дека на 18.6.2025 околу 22.00 часот во домот на неговата ќерка М.А., во кој вонбрачно живеела со С.А., а кој бил на работа во Охрид, ги пронашол сами нивните 3 деца на возраст од 3, 2 и 1 година. Според пријавеното, тој ги земал децата во неговиот дом и се слушнал со неговата ќерка, која му кажала дека не можела да се грижи за децата“, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини