„ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ ДОБИ НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДИТЕ ЕМИ Македонскиот документарец е номиниран во две категории

Македонскиот документарец во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди Еми

0

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди Еми, продолжувајќи го успешниот меѓународен пат кој отпочна минатата година со светската премиера на Венецијанскиот филмски фестивал.

Филмот е номиниран во категоријата „Извонредна кинематографија за документарна програма“, каде што за директор на фотографија е номиниран Жан Дакар.






„Приказната за Силјан“ е номиниран и во категоријата „Исклучителни достигнувања во документарното филмско творештво“, во која се номинирани продуцентите Тамара Котевска, Жан Дакар и Ана Хашми, заедно со извршните продуценти Дејвис Гугенхајм, Кејси Мојер, Керолин Бернстин и Тим Хорсбург.

„Приказната за Силјан“ е македонски документарен филм од 2025 година, кој ја следи приказната за земјоделецот Никола. Откако спасува повреден бел штрк, кого го нарекува Силјан, меѓу човекот и птицата се создава необична и длабока врска, додека филмот истовремено ги обработува темите за осаменоста, миграцијата и односот на човекот со природата.

Документарецот ја имаше светската премиера надвор од конкуренција на 82. Венецијански филмски фестивал, а потоа беше прикажан и на Филмскиот фестивал во Торонто. Во Македонија премиерно беше прикажан на почетокот на 2026 година.

Доделувањето на наградите Еми ќе се случува на 14 септември оваа година.

Поврзани содржини