Приказната на Мате Римац: Како Порше и Бугати станаа хрватска сопственост! ВИДЕО

Со месеци Фолксваген, Порше и Бугати го убедувале Римац тие да бидат мнозински сопственици во новата фирма. Мате решително се спротивставил и сега тој е главниот. 37 отсто од акциите ќе ги држи тој, а на плацот св. Недеља младиот Хрват ќе одлучува како ќе се прават електричните батерии и делови за овие брендови, вклучително и неговиот модел „Невера“.

6,357

Ова е приказната за 37-годишниот Хрват кој вчера го презеде Бугати, а за кратко време ќе ги продава своите електрични коли Невера низ цела Европа – и тоа во иста групација со Порше и Фолксваген, кајшто тој ќе има најмногу акции! Она што во странските медиуми одекна како најпонижувачка вест во деловниот свет на Европа, стана најголема зделка за Хрватска. Мате Римац е новата конкуренција на Тесла на Илон Маск и му се исплатеше упорноста сиве овие 12 години.

Од Зелено чудовиште до хипер-кола






Мате имал 21 година и како од шала земал старо зелено БМВ, наречено Зеленото чудовиште и му  го заменил моторот со електрична батерија. Мислејќи дека ја направил најбрзата електрична кола за тоа време, две години подоцна се упатил на саемот во Франкфурт каде и навистина потврдиле – Concept One имал 1088 коњски сили и крева и до 355 километри на час како права спортска кола. Некои перформанси на неговата „Невера“ се подобри од оние на американска Тесла.

Му кажале да замине од Хрватска, тој не ги слушал

Скоро да немало субвенции за Мате од неговата држава Хрватска кога го почнувал бизнисот. 12 години борба со 6 вработени кои на плацот „Св.Недеља“ почнале од обичен магацин и претежно ги продавале батериите за Concept One, но не и колата.

Сепак, тоа не го сопрело во неговиот сон. Мате вели дека досега платил 20 милиони евра во данок, а добил само 2 милиони субвенции од Хрватска, и земјиштето за плацот. Денес, се претпоставува дека компанијата Римац вреди 6 милијарди и расте.

– Сакав да докажам и покажам дека е можно да работам овде и направив сè за да останам тука. Многу пати бев пред заминување. Не е толку до државата, туку фали цел екосистем. Нема инвеститори, нема фондови. Можеби сега има, но кога почнав – немаше – вели Римац.

Фолксваген, Порше и Бугати на колена

Фолксваген тајно развива електричен Голф, а на Порше му се исклучува електричниот Тајкан. Не чини батеријата, дајте ја таа на Римац. И како да немаа избор големите европски производители, па за да ја внесат технологијата на Римац во своите коли, мораа или да го купат – или да бидат купени. На крајот на баладата, Римац мнозински ги купи нив!

Со месеци Фолксваген, Порше и Бугати го убедувале Римац тие да бидат мнозински сопственици на новата фирма. Мате решително се спротивставил и сега тој е главниот.  37 отсто од акциите ќе ги држи тој, а другите се исти: 24 отсто задржува Порше, 12 отсто Хјундаи и останатите 27 отсто за другите. Фирмата се дели на две ќерки: Бугати Римац и Римац Технолоџи, но сопственик останува Мате.

– Многу сум горд и среќен што ја завршивме оваа заедничка инвестиција, и покрај многуте предизвици. Ова е важен ден за Бугати, Порше и целата групација Фолксваген – вели Луц Мешке од Порше, кои само во март му дадоа 70 милиони евра.

Извршниот директор на Порше,  Оливер Блуме, кој се согласил Римац Групацијата да преземе 55% од акциите на Бугати Римац, а Порше само 45 проценти, посочува дека ова е голема работа за неговата компанија.

Заради кичмата што ја покажал, Римац ќе остане и единствен сопственик на неговите уникатни батерии за коли и сам ќе ја развива напредната електроника за Бугати, Порше и другите во својот плац во Св. Недеља, контролирајќи го целиот процес. Автомобилите потоа ќе се склопуваат во своите матични земји.

Видете како изгледа кампусот Св.Недеља во кој ќе работат 2500 експерти на нови електрични коли:

Роботски таксиja во Загреб

Римац ќе добие и 200 милиони евра од Европскиот фонд за да направи роботски таксија во Загреб.

– Тоа е проект во кој ќе инвестираме стотици милиони, ако не и милијарди евра, во Хрватска со наши инвеститори. Проектот сè уште не го објавивме и тоа ќе го сториме на крајот на годината или почетокот на следната. Мислам дека сите ќе бидат воодушевени кога ќе видат што правиме, тоа ќе биде навистина нешто ново на светско ниво – вели првиот човек на автомобилите Римац.

Тој додава дека за европските пари сè уште се разговара. Според него, државата Хрватска не донесе стратешка одлука и работеше проактивно на привлекување инвеститори во оваа област:

До 2030 коли без волан и без возач 

Ваквата рамна структура во сопствеништвото, кајшто големите гиганти ќе бидат рамо до рамо со Римац, а секој ќе произведува по нешто со секого и за секого, се чини нова и нелогична. Но, бизнисот го диктира тоа. Глобалната економија се вмрежува во разни групации. Кај електричните коли тоа ќе биде уште поизразено заради економската исплатливост.

Според Римац, електричните коли нема да имаат ни сопственик туку ќе ги користиме како такси за да стигнеме од А до Б и ќе плаќаме за услугата. До 2030 година, сите коли ќе бидат електрични и без волан, објаснува тој.

– Тоа целосно ќе го промени општеството, а не само автомобилската индустрија – вели Римац.

Вин-вин за сите, ама Невера по цела Европа

Ако го прашате Мате, новата фирма со Бугати и Фолксваген е вин-вин за сите…тројца. Бугати веќе бил во голем дел во сопственост на Фолксваген, а кога Римац купи 55 отсто од него сега сите имаат по нешто.

– Денес Бугати има од 450 до 500 вработени, а Римац има илјада – вели тој. Од тие илјадници, ние земаме 300 што се дел од производството на автомобили, а потоа треба да видиме како да ги комбинираме трите локации во Хрватска, Франција и Германија на најефикасен начин.

Неодамна, во Невера Римац го прошета и македонскиот претседател Пендаровски. Погледнете го следното видео.

– Има доволно простор. Нема ништо да пукне, освен можеби пантолоните– рече Римац по што му го подаде безбедносниот појас – му рече Римац на Пендаровски во Дубровник.

 

Поврзани содржини