Мате Римац го „залепи“ Пендаровски за седиште (ВИДЕО)

Има доволно простор. Нема ништо да пукне, освен можеби пантолоните– рече Римац по што му го подаде безбедносниот појас.

3,432

Претседателот Стево Пендаровски на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека по вечерата кај претседателот Милановиќ имал чест да се повози со еден од најбрзите електрични автомобили во светот.

Станува збор за моделот „Nevera“ кој е производ на компанијата „Rimac Automobili“, а токму иноваторот и основачот на компанијата Мате Римац го сврте „кругче“ претседателот Пендаровски.






– Имав чест по вечерата кај Милановиќ, заедно со еден од гостите, Мате Римац, „Rimac Automobili“ да свртиме круг со најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон, моделот „Nevera“. Му посакувам деловен успех со најновата аквизиција на еден од најпознатите светски брендови – објави претседателот Пендаровски.

Пендаровски пред да влезе во автомобилот малку се двоумеше како седне и запраша дали има доволно простор, при што Мате Римац малку се пошегува со него.

– Има доволно простор. Нема ништо да пукне, освен можеби пантолоните– рече Римац по што му го подаде безбедносниот појас.

Инаку моделот „Rimac Nevera“ ќе чини 2 милиони евра, а се планира серија од само 150 возила. Автомобилот има дури 1.914 коњски сили и 2.360 Nm, развива максимални 412 километри на час и забрзува до 100 km/h за фантастични 1,85 секунди.

Возилото достигнува 200 километри на час за само 4,3 секунди, додека 9,3 секунди се доволни за да се постигне брзина од 300 километри на час!

Поврзани содржини