ПРИЈАТНИ И СОНЧЕВИ ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ ОД ЛЕТОТО Есента ќе пристигне мирно и постепено

Утре утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

290

Времето утре ќе биде сончево, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Утрото ќе биде ведро и посвежо, а преку денот ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Утринската температура ќе се спушти до 5 степени во Берово. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија, со дневна температура до 32 степени.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До средината на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време.

Од среда ќе има зголемување на облачноста и постепено опаѓање на дневната температура. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Фото: УХМР
Поврзани содржини