📽️ ПРЕВРТЕНО И ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО КАЈ МОСТОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Четири лица завршија во болница по страшната сообраќајка
Според информациите од МВР, сообраќајот на овој дел од булеварот беше пренасочен, но во моментов се одвива во една коловозна лента. Причините за несреќата се предмет на истрага.
Четворица се повредени и пренесени во болница во тешката сообраќајната несреќа што се случи вечерва на излезот од мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Засега нема информации за сериозноста на нивните повреди.
„На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на булевар Гоце Делчев на кракот со улица Лазар Личеновски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода со скопски регистарски таблички и патничко возило бмв со скопски регистарски таблички. Возилото шкода се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош“, соопшти МВР.
Според информациите од МВР, сообраќајот на овој дел од булеварот беше пренасочен, но во моментов се одвива во една коловозна лента. Причините за несреќата се предмет на истрага.
На терен се полициски и амбулантни возила.