ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ И УДРИЛ ВО ЅИД Потерата по шверцер довела до трагедија, 4 лица го загубиле животот, а меѓу нив и 14-годишно дете

Од полицијата потврдија дека во возилото имало вкупно девет лица.

533

Тешка сообраќајна несреќа се случила во утрово во месноста Брназ кај Сињ во која четири лица го загубиле животот, а меѓу нив и едно 14 годишно дете.

Поради несреќата сообраќајот на делницата Сињ-Сплит се одвива отежнато, па се молат возачите да користат алтернативни правци. Повеќе информации засега не се познати.






– Утрово околу 07:00 часот во градот Брнаже се случи сообраќајна незгода, приватно возило слета надвор од коловозот, а потоа удри во ѕид. Во возилото имало неколку лица. На местото на настанот починале четири лица, а останатите лица кои биле во возилото се пренесени за лекарска помош. Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти – откри полицијата.

Хрватските медиуми пренесуваат дека до несреќата дошло при полициска потера на шверцер на мигранти. Бркотницата, како што пишуваат, се случила утринава пред 7 часот од Триље се до Брназ, а потоа приватен автомобил со полска регистрација удрил во ѕидот од семејна куќа.

Од полицијата потврдија дека во возилото имало вкупно девет лица.

Четири лица починале на местото на настанот, а останатите лица кои биле во возилото се пренесени во Клиничкиот болнички центар во Сплит за укажување лекарска помош. Меѓу загинатите има и 14-годишно дете.

Според информациите мажот кој возел е постар, а полицијата се обидела да го спречи кај Триље. Тој не застанал, туку „нагазил на гас“ и неколку минути бегал од полицајците кога со голема брзина влегол на раскрсницата и не можејќи да сврти удрил во ѕид.

Поврзани содржини