ПРЕСУДИ, ПОТЕРНИЦА, БАРАЊЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА, АЗИЛ… Министерството за правда го „рефрешира“ случајот Груевски

322

Министерството за правда го соопшти статусот на барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија и најави дека ќе ги собере потребните документи за сите случаи поврзани со Груевски и ќе преземе натамошни чекори.

„За Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.






Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.

Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди потребните документи.

Во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи“ – се вели во соопштението на Министерството за правда.

Поврзани содржини