ПРЕСТРЕЛКА ВО РЕСТОРАН ПРЕРАСНА ВО ВОЈНА НА ФРАНЦУСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Стотици гангстери се пресметаа во Поатје

Во пресметката учествувале пет банди.

343

Пет лица, меѓу кои и еден тинејџер, се тешко повредени во масовно пукање поврзано со трговија со дрога во Западна Франција, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретело, објави Гардијан.

Престрелката избувнала во текот на ноќта пред ресторан во градот Поатје, изјави министерот во петокот.






– Она што започна како престрелка во ресторан заврши со тепачка меѓу ривалски банди во која беа вклучени неколку стотици луѓе – рече тој.

Петнаесетгодишното момче е во многу тешка состојба, рече тој.

Во судирот учествувале пет банди.

Министерот предупреди дека Франција е на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството поврзано со трговијата со дрога, велејќи дека подоцна во текот на денот планира да отпатува во Рен каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете откако било застрелано во саботата во уште еден судир меѓу бандите поврзани со дрога.

 

Поврзани содржини