Премиерот поднесе оставка! Започнува политички хаос во Шведска
Одлука што ќе ја разниша шведската политика - пишува весникот „Dagens Niheter“ на насловната страница за дилемата на премиерот Левен.
Премиерот на Шведска, Стефан Левен, денес потврди дека поднел оставка, што му препушти на претседателот на Парламентот да најде нов премиер откако не му се веруваше на лидерот на социјалдемократите.
На Левен не му беше изгласана довеба во парламентот на 21 јуни, откако партијата Левица не му даде поддршка.
По изгласувањето недоверба на Левен започнаа хаотични преговори, при што партиските блокови на левиот и десниот центар се обидоа да ја добијат потребната поддршка за формирање влада, пренесува „Ројтерс“.
– Одлука што ќе ја разниша шведската политика – пишува весникот „Dagens Niheter“ на насловната страница за дилемата на премиерот Левен.
Левен е поранешен работник за заварување кој е на чело на кревката малцинска коалиција со Зелените од 2018 година, а тој исто така се потпре на поддршката на две мали партии од десниот центар и Левичарската партија за зачувување на власта.
Неговата некоординирана влада беше формирана како резултат на подемот на шведските демократи, партија со корени од крајната десница, која сега е трета по големина партија во шведскиот парламент.