Прележаните од ковид ќе добијат сертификат
Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk
Министерството за здравство информира дека во националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан ковид- 19.
„Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код“, велат од Министерството за здравство.