ПРЕКВАЛИФИКУВАНО КРИВИЧНОТО ДЕЛО ВО СЛУЧАЈОТ „ТРЕЗОР“ Според изменетиот Кривичен законик ќе се применат поблаги казни
Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на пари од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
На денешната расправа за случајот „Трезор“ јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело, согласно измените на Кривичниот законик за еден од обвинетите, додека одбраната побара тоа да се примени и за останатите обвинети, информира Кривичниот суд.
„Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која Јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ.
Одбраната, пак, побара од судот поблагиот Закон да се примени и за останатите обвинети, без разлика на прецизирањето на акт, за што судот ја одложи расправата за 24.11.2023 година во 09:00 часот за кога побара и Јавниот обвинител дополнително да се прозинесе за предлогот на одбраната, информираат од Кривичен суд“ – се вели во соопштението на Кривичниот суд.
Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на пари од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски.
обвинителство, петта управа, трезор, кривичен суд, сашо мијалков,