ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Е ЅИД ЗА НОВИ БУГАРСКИ УЦЕНИ Софија веќе не може да пробие во Брисел со нови барања

Не треба да даваме предлози до власта која ја сметаме за нелегитимна, јас им дадов политички идеи и тоа не како член на ДУИ, туку како поранешен министер за надворешни работи, затоа што овде се обидуваме да бидеме партнери на Европската Унија, дури и со нелегитимна влада, вели Бујар Османи.

286

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи сè уште смета дека новата македонска влада е нелегитимна, бидејќи, како што рече, „нема легитимитет од албанскиот народ“.

– Во принцип не треба ни да даваме предлози до власта која ја сметаме за нелегитимна – рече Османи синоќа во гостување на Канал 5.






Во врска со преговорите со ЕУ, Османи вели дека на власта ѝ давал политички идеи како поранешен министер, а не како член на ДУИ.

– Не дадов законски предлог, дадов политички идеи и тоа не како член на ДУИ, туку како поранешен министер за надворешни работи, затоа што овде се обидуваме да бидеме партнери на Европската Унија, дури и со нелегитимна влада – рече Османи.

За спорот со Бугарија Османи вели дека за нас било важно да се заклучат прашања кои се стожерот на нашите позиции како држава.

– Преговарачката рамка има изградено ѕид, бугарските барања да бидат само домашна политичка реторика. Тие не можат да ја пробијат Преговарачката рамка. Оттука се обидувам да ѝ објаснам на Владата и на тие што одлучуваат дека во Бугарија постојано ќе има избори и партии кои ќе се обидуваат да добијат политички поени, но тие прашања можеа да пробиваат до ЕУ до кога не беше Преговарачката рамка. Оттука не е исто. Изградивме ѕид од нови бугарски барања, а тој има само неколку пори и се однесуваат на човековите и малцински прашања – рече Османи.

Поврзани содржини