ПРЕГАЗЕНО ДЕТЕ ВО КУМАНОВО Несреќата се случила на паркинг

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

243

Малолетничка од Куманово е тешко повредена во сообраќајна незгода.

„Вчера во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на ул. Ѓорче Петров во Куманово, патничко возило опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Ж. (64) од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово“, соопшти полицијата.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Поврзани содржини