📽 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ! Расте бројот на загинати и повредени во украинскиот напад на Доњецк

Се огласи и руското Министерство за надворешни работи. Велат дека тоа е варварски напад врз цивили.

2,510

Најмалку 25 лица загинаа во гранатирањето на градот Донецк кој е под руска контрола, изјави проруски регионален лидер. Денис Пушилин рече дека украинскиот напад, во кој беа повредени најмалку 20 лица, погоди на прометен пазар.

Тој додаде дека спасувачките екипи се на местото на настанот и дека бројот на загинати и ранети може да се промени како што се добиваат нови информации. Украина се уште не го коментираше нападот.






На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа од луѓе кои лежат во локви крв, најверојатно мртви.

Се огласи и руското Министерство за надворешни работи. Велат дека тоа е варварски напад врз цивили.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимките се вонемирувачки!

 

 

Поврзани содржини