ПРЕДЛОГОТ НА ФРАНЦИЈА ГО ДОЗНАВАМЕ ОД МЕДИУМИ Според Митева тоа покажува колку е несериозна македонската дипломатија
Митева потенцираше дека тука се гледа колку нашата дипломатија оди во погрешна насока и колку може да биде штетен овој предлог и дека за жал сите се информираме од бугарските медиуми наместо да се информираме од министерството за надворешни работи кое го води овој процес.
Морам да кажам дека жалам што Македонија како најзасегната страна во овој спор нема информации каков е францускиот предлог. Очекувам дека една одговорна дипломатија треба да го знае барем костурот на кој се основал овој предлог, треба да има некакви информации македонската јавност за што се дискутирало и како е дојдено до таков предлог, изјави Портпаролката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева за „Само вистина” на Канал 5 во врска со информациите кои се појавија по медиумите за францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.
Митева потенцираше дека тука се гледа колку нашата дипломатија оди во погрешна насока и колку може да биде штетен овој предлог и дека за жал сите се информираме од бугарските медиуми наместо да се информираме од министерството за надворешни работи кое го води овој процес.
– Како ВМРО-ДПМНЕ многу пати кажувавме дека секогаш процесите се одвиваат во обратна насока, ние или сме последни информирани или дознаваме работи од медиумите што не би требало да биде случај. Доколку ние би имале добра надворешна политика немаше да имаме толку нарушени преговарачки позиции и можеби ќе беше спротивна состојбата, односно Македонија ќе знаеше што се зборува, ќе имаше индиции какви ќе бидат овие предлози и благовремено таму каде што треба и во Собрание и пред јавноста, оние кои се задолжени за оваа работа ќе информираа – истакна Митева.
Таа посочи дека жално е што немаме информации од нашата влада која треба тоа да го води, но власта е водена од партија која 5 пати е демантирана и лажно претставуваше дека ги започнавме преговорите со ЕУ и се сеќаваме добро и на селфито од авион.
– ВМРО-ДПМНЕ најмалку има за цел на ова прашање да зборува неаргументирано, спротивно, напротив ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која благовремено ги информира граѓаните што се случува од информации кои ние ги добиваме, и имаме причина јавноста да знае и што содржи овој предлог. Затоа што знаеме дека со СДСМ секогаш договорите завршуваат многу катастрофално, така е со договорот за добрососедство кој беше презентиран како договор кој ќе донесе напредок, а гледаме дека е кочница, а тој договор го создаде СДСМ – изјави Митева.
Според портпаролката едноставно СДСМ нема став по однос на предлогот. Кога нема став секогаш СДСМ зборува за нешто што не е актуелна тема и сакаат да се навраќаме.
– Зборува претставник од политичка партија чиј лидер Зоран Заев излезе на телевизија и јавно ги наруши македонските позиции кажувајќи дека во Македонија и во Бугарија се зборува ист јазик односно во Струмица и во Петрич. Истиот тој Зоран Заев кажуваше дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. И сега ние треба да се навраќаме на сите негови погрешни и уназадувачки политики кои што поради СДСМ Македонија се наоѓа каде што се наоѓа. И единствено одговорен за оваа состојба е Социјалдемократскиот сојуз – истакна Митева.
Митева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ многупати потенцираше дека доколку јазикот и идентитетот бидат дел од преговарачката рамка како услов нема да го поддржи тоа.
– А, од она што сега стравуваме е тоа што споменавте за билатерален протокол кој што ќе треба да се направи помеѓу МНР на Македонија и МНР на Бугарија, сакате да ми кажете дека министерот Бујар Османи не знае за што станува збор. И каков билатерален протокол би требало да се направи само во пет дена? Како само во пет дена ќе се изјасни министерот Бујар Османи дека е добро и дека треба да се потпише тој билатерален протокол? Кога ќе ги информира претставниците во Собранието? Кога ќе ја информира јавноста? И кога ќе почека да добие потврда од македонските граѓани, од оние кои што ги засега ова прашање дека тоа треба да се одобри или не треба да се одобри – запраша Митева.
Таа посочи дека во недостиг на ставови околу прашањето за предлогот од Франција, власта се обидува да ја сврти темата и да ја обвини опозицијата. Власта има погрешна надворешна политика. Таинствено власта води разговори и не ја информираат македонската јавност.
– Јазикот и идентитетот беа ставени како проблем, прашања кои што предизвикаа проблем поради СДСМ. СДСМ го создаде проблемот да македонската јавност има дилема и да не верува во преговарачките процеси по сите штетни договори и сите лажни оптимизми кои што ги даваше со петте датуми. Дали СДСМ чувствува одговорност дека евроскептицизмот во македонскиот народ порасна токму поради нивната погрешна надворешна политика. Дали СДСМ чувствува одговорност како политичка партија? Целиот оној лажен оптимизам, лажни ветувања и немањето на реформски прогрес е одговорност токму на СДСМ – нагласи Митева.