ПРЕД ШТО МИЖИМЕ?

Значи, неукава Славјанка, намерно и за срама чучната на чело на одбраната, ептен ќе нѐ докрајчи, пеејќи ни ја чекорницата – „сите сме една армија“, под диригенство на УЧК, раководени од НАТО, кој сели дел од опремата од Бондстил, во Криволак... Имаат намера, во иднина Струшките вечери на поезијата таму да се одржуваат!

3,107

Специјалните единици на Косово – Роса, НАТО модерно ги опреми, фактички ги наоружа до заби, како армија. Инструктори од Британија, Америка, Германија, башка КФОР, ги тренираа… и сега, распоредени околу живеалиштата на Србите им манифестираат сила…

Идила! Ама, Курти не е задоволен. Бара да биде примен во НАТО…  кој по негова нарачка треба да ги зголеми бројот на силите во Косово, повеќе војници… за тој „да ја зголеми својата безбедност…“ или подобро речено – за да го зголеми загрозување на безбедноста на Србите во Косово и да го забрза нивното потчинување или истерување.






Понатаму бара: – За „видно да се подобри безбедноста на земјата би  помогнало, исто така, доколку повеќе германски војници би биле вклучени во одбранбените сили на НАТО…“ и пак бара „и трупите на КФОР да помогнат да се развие УШТЕ ПОВЕЌЕ нашата одбранбена структура и вештина…“?

Американско–германското галениче зголемените воени сили ги нарачува со изговор дека е „опколен со 48 српски бази…, Руси…, Србија се спрема за инвазија…“, фактички – да му крчат пат, без проблем да се реализира планот, како што најави – да се присоедини Косово со Албанија, а, меѓувремено да ја реализира и одлуката – да расчисти со Србите во Косово. Ги смета за непослушни – не сакале преку менувањето на личните карти, регистарските таблички… да го признаат легитимитетот на државата Косово…

Бре мајката? НАТО да отвори фронт, Балканот да гори… а Курти? Па нели се смета за премиер на држава, баткото? Нели е срамно  да бара друг да му го брани буништето за да тој се кочопери  на џадето и несметано да кукурига?

Така, како што прави и бара, секој може со Косово да раководи и да најавува големи планови, и тоа со далечинско управување. Заличи на говорникот Зеленски, кој изигрувајќи стратег не престана да запомага и да нарачува….

Да биде во комбинација, и претседателката на Косово оцени дека е „СТАСАНО време“ за потпишување договор со Албанија „за заедничко реагирање  во случај на загрозување на двете држави…“.

И не би пишувала, ако нашата министерка за одбрана сфаќајќи ја преку други, ама правовремено, возбудливата состојба во соседството, да не остане покусо, по нарачка, побрза да им се приклучи и да го заокружи военото осојузување на Албанците од Косово и Албанија, како ТРЕТА СТРАНА. Најави дека – „во знак на развој на билатералната одбранбена соработка со Косово, за регионална стабилност и безбедност ќе се зголеми соработката… Ќе се водат  експертски разговори и заеднички вежби и обуки со Косоварите (на наш терен), па за таа цел е обновен и Меморандумот за разбирање…“. Ќе се справувала и со лиферуваните лажни вести и дезинформации за да не страдаме од нив…

Повеќе од сомнително – јасно е ова ненормално, тристрано, воено осојузување во време кога во нашата близина – врие… Згора на тоа, откако АРМ е обезоружена  и  оставена без ниеден тенк, авион… сега, кога како држава сме на „изволте“, ѝ текна на стратегов, заедно со неверните комшии воено да се здружува, да правиме вежби за ЗАЕДНИЧКА ОДБРАНА (?!?!), заборавајќи ги нивните довчерашни вандалски напади и територијални претензии!

Прашувам: Што бараме ние Македонците во тој сеалбански воен сојуз? Од кого заедно со Косоварите, здружени ќе се браниме? Повторувам: Кој е наш заеднички непријател, опасност и интерес за заедничка одбрана,  поради кои, воено нѐ здружуваат со Косоварите?

Друга причина поради која пишувам е одлуката на власта, пренесена од министерката  – АРМ ЌЕ ОБУЧУВА КОСОВСКА ВОЈСКА?!

Боже, Господе, министерке, ја прибери се! Не мижи како дрогирана…! Па тие се одамна обучени, небиднино, со инструктори од нивните покровители! – Косоварите ја обучуваа УЧК потпомагани од НАТО, и заедно ја нападнаа Македонија во 2001… Косоварите го повторија нападот…

Тоа што го зборуваш и најавуваш во име на власта, е само непристоен  изговор со кој „од позади“, намерно нѐ местат твоите наредбодавци. Откако нѐ испоганивте со Русите, по наредба, со омраза ни ги навртувате и Србите против нас Македонците? А за возврат – легализирате слободното движење, кај нас, на оружените Косовари, јакнејќи го здружувањето меѓу терористите на двете страни од границата, кои ги врзува иста идеја?

Евентуално, сакате ист фронт да нѐ поврзе и за туѓи интереси одново да бидеме глинен гулаб за отстрел? НАТО, легално од Македонија да се справува со Србите како во 99-та година, ако дојде до тоа?

Оваа држава е во длабока, секаква, но и во опасна безбедносна криза од внатре недоветните Македонци, од ДУИ управувани предавници. Остај кај е армијата намерно разоружена и оставена само со учкурот околу половината, сега, со изговор за „воено одбранбено сојузништво со Косоварите“, отворено се (до)албанизира структурата на одбранбениот систем на државата. Значи, неукава Славјанка, намерно и за срама чучната на чело на одбраната, ептен ќе нѐ докрајчи, пеејќи ни ја чекорницата – „сите сме една армија“, под диригенство на УЧК, раководени од НАТО, кој сели дел од опремата од Бондстил, во Криволак… Имаат намера, во иднина Струшките вечери на поезијата таму да се одржуваат!

Луѓе, сѐ ова е троен воен сојуз меѓу Албанците, за здружување  – „каде и да сме“,  но, – што бараме ние Македонците во него?

Додека дел од власта отворено делува и се сојузи по големоалбанска програма… другата половина на чело со Намесникот и Еврогаќовците ја тренира големобугарската опција. Се борат за отворање на Уставот и бараат чаре – шило!, како полесно и побргу да ги внесат Бугарите во истиот како конститутивен народ (демек – тие ја создадоа АСНОМ-ска Македонија каде немало и сега нема Македонци), како е договорено со власта која тоа го премолчува. Бугарите не сакаат да слушнат во Уставот да бидат внесени како малцинство. Тоа не им врши р-а-б-о-т-а!

Ако воопшто имаме разум и почит кон самите себе, како Македонци не смееме да попуштиме и да се сложиме со добро-осмислената геноцидна стратегија на Бугарите, за нас трагична, – да влезат во македонскиот Устав, повторувам – како конститутивен народ – ТЕМЕЛ НА ДРЖАВАТА! Може, како дел од народ – малцинство, откако ќе не признаат како посебен народ – Македонци, со свој јазик, национален, историски и културен идентитет и ќе го отворат и тие Уставот за да ги внесат во него Пиринците како малцинство – дел од македонскиот народ. Но, – тоа нема никогаш да биде!

Да не бидеме глупави: другите малцинства со кои немаме идентитетски спор и како Македонци сме внесени во „нивните“ устави, кои власта се „загрижила“ да ги внесе во нашиот Устав, се само изговор за да со нив ги протне и Бугарите. Нив ќе ги внесе како малцинства, а Бугарите како конститутивен народ.

Кој ги „заборава“ Албанците кои бараат преоблечени први да скокнат во Уставот…? Албанските партии сега молчат и само чекаат – како мачката  рипче… И тоа е договорено!

Запамети, Народе: Не си го копачи  длабокиот корен кој никој надвор од тебе не може да ти го ископачи, и не се лажи по старата курва Европа која и самата застаната пред сопствена рампа и структурално се распаѓа…! Остави ги европските мајмуни кој ни доаѓаат… Нека се зрмелат! Тоа им е работа.

Под сегашните политички условувања, и окупаторските големоалбански и големобугарски стремежи, кои се поддржани од изроди Македонци, за ТАМУ, можеш да тргнеш „САМО КАКО НЕКОЈ ДРУГ“!

– Ако се отвори Уставот, по ќеифот на Бугарите ќе бидат –  конститутивци! Тие внесени во него, ние Македонците изнесени…! Каде? На историските гробишта!

 

Поврзани содржини