ПРЕД ИЗБОРИ ЗАБОРАВИЈА НА СЕВЕРНА?! Немаме резервна татковина, Македонија мора да стане европска држава, вели Ковачевски

Иако претходно инсистираа на референцата, во реториката на поранешниот премиер и на раководството на СДСМ во изборната кампања забележлива е популистичка промена во реториката и ословување на државата само со Македонија дури и на денешниот собир пред седиштето на ЕУ.

600
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот собир во Скопје, уште еднаш ја потврди заложбата на СДСМ за Европска Македонија и конечно пристапување во Европската Унија.
Иако претходно инсистираа на референцата, во реториката на поранешниот премиер и на раководството на СДСМ во изборната кампања забележлива е популистичка промена во реториката и ословување на државата само со Македонија дури и на денешниот собир пред седиштето на ЕУ.





– Моето семејство е тука во Македонија. Јас не барам чаре во други држави, како што немам резервна татковина, како што за разлика од многу, немам имоти и сметки во странство. И затоа знам, затоа многу ми значи, затоа мора да се бориме, да продолжиме да ја менуваме Македонија, како европска држава – порача Ковачевски на митингот.
Ковачевски истакна дека Македонија мора да стане држава со европски стандард, европски вредности и да ги почитува европските правила на игра.
– Македонија има многу знаење, Македонија има многу голема сила е енергија дома! За таа цел, ја креиравме програмата за за европска иднина. Прецизна, јасна, реална, остварлива, креирана да ја крене таа енергија и македонско знаење! Ве уверувам, нема да се откажеме сѐ додека секој ред од неа не стане реалност – изјави Ковачевски.
Поврзани содржини