ПРЕД ДА ВОЗИТЕ КОН ВО ЦЕНТАР ПРОВЕРЕТЕ КАДЕ ТРЕБА ДА СЕ ДВИЖИТЕ Ќе има протестен марш
СВР Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на булевар Партизански одреди, со траса на движење по булевар Партизански одреди, кон булевар Св. Климент Охридски, десно на булевар Илинден, право преку мост „Гоце Делчев” кон Стоковна куќа „Мост”, десно по булевар Филип 2-ри Македонски со крајна цел парк „Жена Борец” и булевар 11-ти Октомври пред Собрание околу 15.00 часот.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.