ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ ВЕЛИГДЕН СО КРИВАТА НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ПЛОШТАД? Плачевме за китење на Скопје, сега плачеме за раскитување!

Скопјани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од кривата елка која беше хит и во медиумите од регионот и прашуваат кога градоначалничката Данела Арсовска ќе го раскити градот.

408

Новогодишната еуфорија сѐ уште може да се почуствува во Скопје, иако празниците веќе одамна завршија, градот сѐ уште е украсен и засега нема информации кога точно ќе биде раскитен.

Скопјани на социјалните мрежи споделуваат фотографии од кривата елка која беше хит и во медиумите од регионот и прашуваат кога градоначалничката Данела Арсовска ќе го раскити градот.






– Претходно немавме никакви информации за тоа кога ќе започне украсувањето на Град Скопје, а сега не знаеме ниту кога ќе биде раскитен градот. Можеби Арсовска ќе ни остави да ни биде украсено до Велигден?! – пишуваат скопјани.

Инаку, украсувањето во главниот град за кое градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека чини само 30.000 евра, беше причина Финансиска полиција да отвори предмет бидејќи ниту на веб-страната на Град Скопје, ниту на веб-страната на Јавни набавки нема отворен тендер за оваа намена.

Тоа беше реакција откако Арсовска во еден поткаст, каде што е редовен гостин, јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра.

Првата елка на плоштадот го привлече вниманието и на повеќе медиуми во регионот кои објавија за тоа дека граѓаните на Скопје не се задоволни.

„Несреќната“ елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ – неугледна е и недовршена, се чини дека не е ни целосно украсена, а згора на сè е и искривена“, напиша српскиот портал Нова.

📷 НЕМАЛЕ „4“ ЗА „2024“, ПА МУ ДОДАЛЕ ЦРТИЧКА НА „КЕЦОТ“ ОД „2021“ Нова предновогодишна брука на плоштадот во Скопје

ВАКА ЛИ ЌЕ ИЗГЛЕДА ЕЛКАТА? Скопјани на социјалните мрежи го коментираат досегашното китење на плоштадот

РЕГИОНОТ СЕ МАЈТАПИ СО ПРОБЛЕМИТЕ НА СКОПСКАТА ЕЛКА „Кривата кула“ стигна до медиумите во соседството

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЧУКНЕ НА ПОРТАТА НА ГРАД СКОПЈЕ Ќе се истражува како Арсовска без тендер за украсувањето потрошила 30.000 евра

Поврзани содржини